Египќаните во недела излегуваат на гласање на кои Абдел Фатах ал-Сиси е подготвен да освои трет мандат додека земјата се справува со економска криза и војна на границата со Газа.
Победата ќе му даде на Сиси шестгодишен мандат во кој непосредните приоритети ќе бидат регулирање на скоро рекордната инфлација, управување со хроничниот недостиг од девизи и спречување на ескалација на конфликтот меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Појасот Газа.
Гласањето од 09:00 до 21:00 часот (07:00-19:00 GMT) е распоредено во три дена, а резултатите треба да бидат објавени на 18-ти декември.
Критичарите ги гледаат изборите како измама по децениското задушување на несогласувањата и критиките. Владиното тело за медиуми тоа го нарече чекор кон политички плурализам.
Тројца кандидати се квалификуваа да го предизвикаат Сиси на изборите, а ниту еден од нив не беше личност од висок профил. Најистакнатиот потенцијален предизвикувач ја прекина својата трка во октомври, велејќи дека функционерите и насилниците биле насочени кон неговите поддржувачи – обвинувања отфрлени од националното изборно тело.
Властите и коментаторите во контролираните локални медиуми ги повикуваат Египќаните да излезат на гласање, иако некои луѓе рекоа дека не знаат кога се одржуваат изборите неколку дена пред гласањето. Други резигнирано рекоа дека гласањето нема да направи голема разлика.
Влијателниот воен командант, Сиси го предводеше соборувањето во 2013 година на првиот демократски избран претседател на Египет, Мохамед Морси од радикалното панарапско исламистичко движење Муслиманското братство кое оддржуваше тесни врски со палестински Хамас, кој до соборувањето на деценискиот претседател Хосни Мубарак во ткн Аапска пролет во 2011 година живееше во егзил во САД, пред да биде избран за претседател следната година со 97 отсто од гласовите.
Оттогаш, тој спроведе акција против исламистичката опозицијам на којашто ѝ се приклучија и либерални и левичарски активисти, како и исламисти и за кои активистите за човекови права велат дека резултираше со затворање на десетици илјади луѓе.
Сиси беше реизбран во 2018 година и повторно со 97 отсто од гласовите. Сиси и неговите поддржувачи велат дека репресијата била неопходна за да се стабилизира Египет и да се спротивстави на исламистичкиот екстремизам кој резултираше со бунт на Синај од групите кои изразија лојалност на Исламската држава. Влијателниот воени комитет го претставува Сиси како бедем на стабилноста по избувнувањето на конфликтот на границите на Египет во Либија, а на почетокот на оваа година и во Судан и Газа.
Но, економските притисоци станаа доминантен проблем за брзорастечкото население на Египет од 104 милиони. Многу Египќани се жалат дека владата фаворизира скапи мега-проекти, додека државата презема уште повеќе долгови, а граѓаните се борат со зголемените цени.
Некои аналитичари велат дека изборите, кои првично се очекуваа на почетокот на 2024 година, се одложени за да може да се спроведат економски промени – вклучително и девалвација на веќе ослабената валута – по гласањето. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во четвртокот соопшти дека е во преговори со Египет за да се договори дополнително финансирање.