Египќаните со поддршка за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за одложено дејство на уставните измени

НГИ „Коалиција на Египќани“ го поддржува предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за одложено дејство на уставните измени. Kако посебна автохтона и автентична етничка заедница, тие се директно засеганти со ова прашање и се фокусирани да бидат составен дел од Преамбулата на највисокиот правен акт-Уставот. Египќаните се реалност во Македонија, се истакнуваат со нивната лојалност, конструктивност, работливост и продонес кон зачувување на државните интереси пред сите останати, велат од коалицијата.

За НГИ „Коалиција на Египќани“ коректно е измените да стапат откако сите земји членки, вклучително и Република Бугарија, како земја членка, би го ратификувала пристапниот договор за членство на Македонија во Европската Унија.

Демир Далип, лидерот на НГИ „Коалиција на Египќани“ додава дека треба истовремено да се води сметка и за правата на Македонците во Бугарија како и можноста и Египќаните да добијат ден посветен на оваа етничка заедница, која би била регулирана со Законот за празниците, а во насока на интеграција на ова ранлива етничка заедница.