Специјалниот претставник на Египет на климатската конференција на Обединетите нации COP27 која се одржува во египетското одморалиште Шарм ел-Шејк на Синај, ги отфрли како „смешни“ извештаите дека неговата земја наводно шпионирале некои од странските делегати.
Агенцијата Reuters претходно, цитирајќи три лица запознаени со темата, извести дека германската сојузна полиција ја предупредила делегацијата на својата земја на самитот во Шарм ел-Шејк дека нејзините членови можеби ги шпионираат египетските безбедносни агенти.
Еден од соговорниците на агенцијата, за кои нема поединости од која сфера доаѓаат, рекол дека германската полиција испратила електронска пошта со која ги предупредила делегатите на „отворен и таен надзор со фотографирање и снимање видеа“ кои наводно ги вршеле египетските агенти.
Минатонеделните коментари на германскиот канцелар Олаф Шолц за состојбата на човековите права во Египет ја предизвикале можноста за следење, рекол изворот.
„Уште на прв поглед се чинат смешни, бидејќи тоа е отворен настан и оттаму зошто би постоел непримерно следење на отворен настан каде сите може да шетаат?“, изјавил Ваел Абулмагд, специјален пратеник на Египет при претседателството на COP27 на прес-конференција.
Посочи дека некои од делегатите од земјите во развој медиумскиот извештај за ова прашање го сфатиле како „очигледно намерно одвраќање на вниманието“ од богатите земји коишто се обидуваат да ги намалат своите обврски во борбата против климатските промени.
„Другите делегации, и особено од земјите во развојот, говорат за ова изгледа како свртување на вниманието“, додаде Абулмагд.
Функционер од германското министерство за надворешни работи кон крајот на минатата седмица изјави дека од учесниците очекува дека „ќе можат да работат и преговараат под безбедни услови“.
„За таа цел во постојана комуникација со египетската стана“, изјавил германскиот функционер кој се согласил да зборува за Reuters под услов да остане анонимен.
Канцеларот Шолц минатиот вторник рече дека на домаќините на COP27 им обрнал на внимание на прашањето на затвореникот кој штрајкува со глад Ала абд ел-Фатах, познат активист и блогер, осуден на пет години затвор по обвинение за ширење лажни вести.