Египетскиот суд денеска осуди на три години затвор 63 поддржувачи на исламистичкото движење „Муслимански браќа“, пренесе „Ројтерс“.
Осудените се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир, за учество во нереди и поседување на оружје. За прв пат толку голем број поддржувачи на исламистите се осудени во рамките на едно дело.