Египет предложил договор за запирање на војната во Газа

Египет сoставил договор во три фази за прекин на борбите меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, како и за ослободување на заложниците кои ги држи споменатото палестинското исламистичко движење, објави во неделата регионална телевизија.

Иницијативата од три фази била покрената на разговорите одржани претходно оваа седмица во Каиро меѓу египетските претставници и делегацијата на Хамас, објави саудискиот телевизиски канал Asharq News, цитирајќи извори запознаени со темата на разговорите.

Првата фаза, според овој изор, вклучува прекин на огнот од најмалку две седмици во кои Хамас би ослободил 40 израелски заложници – жени и деца, како и постари лица кои се болни. За возврат, Израел ќе ослободи 120 Палестинци, исто така, деца и жени од своите затвори, проследено со прекин на непријателствата и прилив на хуманитарна помош во Појасот Газа.

Во текот на втората фаза, биле предложени разговори во палестинскиот кампус за создавање палестинска технократска влада која ќе управува истовремено и со Појасот Газа и на Западниот брег, се вели во извештајот.

Третата и последна фаза, според наводите, повикува на целосен прекин на огнот и „сеопфатен“ договор за ослободување на сите израелски војници кои ги држат Хамас и другите палестински радикални фракции, во замена за палестинските затвореници во Израел.

Во текот на третата фаза, израелската војска ќе се повлече од Појасот Газа, а на раселените жители од Појасот Газа ќе им биде дозволено да се вратат во своите домови во палестинската енклава.

За предлогот ќе расправа политичката канцеларија на Хамас во Катар, објави саудиската телевизија.

Претходно оваа седмица, делегација на Хамас предводена од лидерот Исмаил Ханија го посети Каиро на разговори со египетските власти, соопшти Хамас.

Минатиот месец, Катар и Египет помогнаа да се постигне привремено примирје со посредство на Израел и Хамас, кое исто така овозможи размена на заложници за затвореници.
Египет, првата арапска земја што потпиша мировен договор со Израел во 1979 година, посредуваше во претходните конфликти меѓу Палестинците и Израел.