Египет во средата предупреди дека ќе се повлече како посредник во разговорите за прекин на огнот во Газа, откако америакнската телевизија CNN објави дека египетските разузнавачки служби наводно ги измениле условите од неодамнешниот предлог за примирје и го расипале договорот.
„Обидите да се фрли сомнеж и да се навредат напорите за посредување на Египет… само ќе доведат до дополнителни компликации на ситуацијата во Газа и целиот регион и може да го натераат Египет целосно да се повлече од своето посредување во тековниот конфликт“, Дија Рашван, шеф на египетската служба Државната служба за информирање, се вели во соопштението објавено на социјалните мрежи.
Цитирајќи три лица наводно запознаени со ова прашање, CNN во вторникот објави дека египетското разузнавање ги променило условите на предлогот за прекин на огнот на кој Израел се согласил претходно во мај. Кога Хамас објави дека го прифаќа договорот на 6-ти мај, тоа не бил оној договор за кој колегите посредници од САД и Катар мислеле дека му бил доставен на Хамас на разгледување, наведува CNN.
Промените направени од египетското разузнавање ги налутиле американските, израелските и катарските власти и ги закочија преговорите се тврди во прилогот на американската телевизиската мрежа.
Американската Централна разузнавачка агенција (CIA), чиј директор Вилијам Барнс ги предводеше напорите за посредување на САД, одби да го коментира извештајот на CNN.
Рашван во изјавата истакнува и дека учеството на Каиро како посредник е резултат на „повторените барања и инсистирање“ на Израел и на САД. Додаде дека некои „страни“, без да ги именува, неодамна нашле вина кај египетските и катарските посредници и ги обвиниле дека се пристрасни.
Танзиите меѓу Каиро и Израел се зголемија поради израелската воена операција во Рафах на јужниот крај на Појасот Газа, веднаш до самата границата со Египет. Египетските власти стравуваат од исполнување на намерата на Израел да протера речиси милион ипол Палестинци кои се засолнија во овој град по израелското разорување на северните и централните делови на Газа на египетската територија.
Откако започна војната во Појасот Газа, Египет, кој инаку е првата арапска и земја која склучи мировен договор со Израел, изразува загриженост дека кампањата на Израел може да ги потисне жителите на палестинската енклава преку нејзината граница како и изминатите децени, поради што ја зајакна безбедноста.