Археолошки предмет и дел од колекцијата резби на египетскиот фараон Аменхотеп I

Антички египетски артефакт кој беше нелегално прошверцуван надвор од земјата е вратен, откако бил прикажан во аукциска сала во Лондон, велат официјалните претставници.

Предметот бил откриен по пребарувањата на веб-страници за меѓународна аукција, соопштуваат од Министерството за антиквитети на Египет.

Преземени се чекори за запирање на продажбата и повлекување од листата, иако се’ уште не е јасно како и кога реликвијата, картушка на фараонот Аменхотеп I, првично била шверцувана надвор од земјата.

Археолошкиот предмет претходно беше изложен во отворениот музеј на древниот Храм Карнак во египетскиот град Луксор, споделува генералниот директор на министерството, Шаабан Абдел Гавад.

Артефактот беше прикажан во храмот Карнак во Луксор, популарна туристичка локација
Артефактот беше прикажан во храмот Карнак во Луксор, популарна туристичка локација

Министерството за антиквитети во соработка со египетското Министерство за надворешни работи, амбасадата на Египет во Лондон и со британските власти работеа на враќање на артефактот кој амбасадата во Лондон го добила минатиот септември.

Египет ги засили напорите за запирање на трговијата со антиквитети во последниве години.

Земјата предупреди дека нема да соработува со странските музеи во врска со експонатите на старите египетски локации, освен ако не се вратат шверцуваните артефакти.

Претходно беше објавено дека единствениот камен од обвивката на Големата пирамида во Гиза ќе биде изложен во Националниот музеј на Шкотска во Единбург од 8 февруари.

Големиот блок од бел варовник ќе биде достапен за јавноста за првпат откако пристигнал во Шкотска во 1872 година.