Египетскиот претседател ал-Сиси се сретна со претседателот на Copelouzos Group за имплементација на електричната интерконекциска врска меѓу Египет и Грциј

Претседателот на Египет Абдел Фатах ал-Сиси се сретна со претседателот на Copelouzos Group, г-дин Димитрис Копелузос, при што беше дискутирана имплементацијата на електричната интерконекциска врска меѓу Египет и Грција, позната како „ГРЕГИ интерконектор“

.На состанокот присуствуваа премиерот на Египет д-р Мустафа Мадбули и министерот за за енергетика и обновлива енергија д-р Мохамед Шакер како и голем број високи извршни директори од грчката групација.

Портпаролот на Претседателството, Ахмед Фахми, рече дека на средбата станало збор за можностите за соработка со грчката групација за реализација на проекти за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија во Египет и нивна дистрибуција во Европа преку Грција, преку електричната интерконекциската врска меѓу двете земји. Ова ќе ја максимизира користа од модерната инфраструктура воспоставена и развиена од Египет во текот на изминатите години во областа на електричната енергија, покрај природните ресурси со кои изобилува, како што се изворите на енергија од ветер и сончева енергија.

Постигнат е договор за продолжување на тековните студии за кристализирање на соработката со Copelouzos Group за воспоставување проекти за производство и дистрибуција на чиста енергија од Египет во Европа преку Грција, со цел да се консолидира позицијата на Египет како регионален центар за трговија со сите видови енергија.

За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница на Претседателството на Египет на следниот Линк.

 

За Copelouzos Group:

Основни деловни области на Copelouzos Group, Грција, се енергетскиот сектор, управување со проекти, управување со капацитети и надворешно рекламирање. Концесиите сочинуваат уште еден важен бизнис сектор на Групацијата, како што е најзначајниот изложбен центар Атина Метрополитен, лоциран во близина на меѓународниот аеродром во Атина. Групацијата поседува силно и разновидно портфолио на стратешки инвестиции, како што се инфраструктурни проекти, најважни од нив се меѓународниот аеродром во Атина и развојот и управувањето со 14 грчки регионални аеродроми. Освен горенаведеното, Групацијата поседува значајна позиција во недвижен имот, поседувајќи ја една од најголемите компании во овој сектор во Грција.