Египетскиот претседател ќе донира половина плата и имот за помош на својата земја

Претседателот на Египет Абдел Фатах ал Сиси најави дека ќе донира половина од својот личен имот и половина од својата плата за помош на економијата во земјата.

Истовремено, Сиси нагласи дека за да има подобрувања на состојбата во земјата, сите Египќани треба да направат жртва.

Претседателот, исто така, апелираше до богатите Египѓани да донираат пари на специјална сметка за помош на земјата.

Нема податоци за личниот имот на претседателот Сиси, но неговото семејство е едно од најпознатите производители на мебел во земјата. Месечната плата на актуелниот египетски претседател изнесува околу 6.000 долари.