Властите на Флорида егзекутираа маж осуден за силување и убиство на 11- годишно девојче.
Убиството и силувањето биле извршени во 1994 – та година.
Еди Вејн Дејвис (45) е погубен синоќа со смртоносна инјекција. Ова е шеста егзекуција во Флорида од почетокот на годината.
Дејвис во 1995 година беше обвинет за убиство од прв степен, киднапирање и сексуално злоставување на Кимберли Вотерс, ќерка на жената со која претходно бил во врска.