Егзекутирани девет припадници на ИСИЛ во Сирија

Девет припадници на џихаската група Исламска држава Ирак и Левант во Сирија јавно се егзекутирани, а потоа и распнати. Сите девет мажи биле бунтовници кои истовремено се бореле против силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, соопштува сириска опсерваторија за заштита на човековите права.

Во соопштението се наведува и дека телата на погубените ќе бидат изложени три дена на селскиот плоштад во Алепо.

Осум бунтовници се погубени во градот Деир Хафер, а деветтата жртва, која исто така е бунтовник, е погубена во близина на турската граница во градот Ал Баб во областа Алепо.

Во предградието на престолнината Дамаск се водат жестоки борби меѓу сириските бунтовници и милитантите на ИСИЛ кои истовремено преземаат и голема офанзива во Ирак.