
Хрватскиот селектор се најде на удар на ЕХФ поради попречување на белуруски ракометар во псоледните моменти од натпреварот одигран вчера, кој Хрватска го доби со 25:23.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука во случајот против хрватскиот селектор Лино Червар. Во последниот напад на Белорусите, поранешниот предводник на Македонија влезе во теренот и со рака повлече еден од противничките ракометари, што не беше забележано од судиите на мечот.
Поради тоа беше покрената дисциплинска постапка, по која е одлучено Червар да плати казна од 3.000 евра, објавуваат хрватските медиуми. Во образложението на одлуката стои дека дошло до благ контакт помеѓу белорускиот играч и Червар, што е окарактеризирано како неспортско однесување.
Червар на прес-конференцијата потенцираше дека станува згор за случаен контакт.