Европската комисија ги запре сите проекти кои земјите од Европската унија ги имале со Русија и Белорусија, а кои се кофинансирани од фондовите на Унијата, потврди еврокомесарката за кохезиска политика Елиза Фереира.
„Интерегионалните и прекуграничните програми за соработка се запрени. Не самите програми, туку траншите на пари кои требаше да ги поткрепат руската и белоруската страна во таа соработка“, извести Фереира на 8-от Кохезиски формум во Брисел, собир посветен на кохезиската политика.
„Сега работиме на репрограмирање на тие пари за помагање во прекуграничната соработка со Украина, за да ѝ се помогне во решавање на нејзиниот проблем“, додаде Фереира.
Европската комисија би можела парите стопирани за соработката со Русија и Белорусија да ги употреби за згрижување на бегалците од Украина зафатена од војната. Фереира рече дека ЕК во моментов работи на „техничко ниво“ за „што е поскоро можно“ да ги пренасочи тие пари.
Со ткн кохезиска политика Европската комисија настојува да ги намали нееднаквостите меѓу регионите во Европската унија, но има и програми кои вклучуват и соседни земји кои не се членки на Унијата.
Вкупните финансиски средства на ЕУ за осумте програми со Русија изнесуваат 178 милиони евра, а за две програми со Белорусија 257 милиони евра и датираат од периодот на настојување на оддалечување на Минск од влијанието на Москва. Сиве овие програми се договорени и започнати во периодот од 2014 до 2020 година.
Европската комисија, извршното тело на ЕУ, на 4-ти март најави дека ги запира проектите со Русија и нејзината сосетка и сојузничка Белорусија, откако руските војски на 24-ти февраури влегоа во Украина. Притоа се повикува на правилата за прекуграничната соработка во рамките на Европскиот инструмент за соседство кои „предвидуваат запирање на соработката со надворешни држави во случај на кршење на меѓународното право, човековите права, демократските принципи и владеењето на правото“.
Европската комисија на својата интернет страница објави листа на заедничките проекти во кои учествуваат Русија и Белорусија, како и Финска, Естонија, Латвија, Литванија и Полска, како и Украина која не е членка на ЕУ. Украина, пак, има соработка и со Романија, Унгарија, Полска и Словачка.
„Имајќи ги предвид повеќе од 1.000 постојни партнерства меѓу регионалните и локалните власти на ЕУ и пограничните региони на Украина, програмите нудат можност за браз и ефикасна поддршка на Украина, а тоа ги вклучива и бегалците“, соопшти на 4-ти март Европската комисија.