Откако пред четири години оваа придавка „волшебно“ ја снема од извештаите на ЕК, како вид на притисок од Брисел кон Македонија, изминатите три години е наведена само колку да нема забелешки од високите владини претставници од Македонија.
Па, така, во овој извештај на 88 странции на Брисел за Македонија, првиот пат, придавката е употребена при објаснувањето дека „македонската Влада направила лимитиран прогрес во имплементирањето на Итните реформски приоритети на Европската комисија од јуни 2015 година. Втората е во однос на тоа дека е потребен „функционален преглед за оценка на рационалноста на организирање на македонската јавна администрација“.
Исто така, придавката „македонски“ може да се забележи и при употребата на термините „Македонски пошти“, како и во дескрипцијата на целото име на ВМРО-ДПМНЕ (Внатрешно македонска револуционерна партија – демократска партија за македонско национално единство).