ЕК е загрижена за независноста на романското правосудство

Романија мора да постигне повеќе напредок во обидите да ја гарантира независноста на судството, истакнаа денеска од Европската комисија во извештајот за земјата, подготвен во рамките на Механизмот за соработка и верификација (МЦВ), пренесе „АФП“ .

„Романија има напредок во многу области од последниот извештај што беше објавен пред околу една година. Сепак остануваат некои грижи во врска со независноста на судството“, се вели во соопштението на ЕК.

ЕК ги наведува неодамнешните промени на кривичниот законик и процедурите за назначување на клучни позиции во правосудството.