ЕК ги заострува правилата за извоз на вакцините за коронавирусот

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен најави во средата заострување на правилата за извоз на вакцините за Covid-19 во оние земји кои имаат поголема стапка на вакцинираност и кои го ограничуваат извозот на вакцините прозиведен на територијата на земјите членки на Европската унија.

„Мораме да осигураме реципрочност и пропорционалност,. Доколку ситуацијата не се промени, ќе мораме да размислиме за тоа како извозот на вакцините во земјите кои и самите ги произведуваат го направиме зависни од нивната отвореност. Ќе разгледаме дека е пропорционален извозот во земјите кои имаат поголема стапка на имунизација“, изјави фон дер Лејен на прес-конфенција.

Информациите дека, на пример, Велика Британија или САД примаат милиони дози од вакцините произведени на територијата во ЕУ, додека тие земји истовремено забрануваат извоз на вакцините од своите територии, создава незадоволство во Унијата.

Фон дер Лејен истакна дека Обединетото Кралство примило најмногу дози од ЕУ, од 31-ви јануари 10 милиони дози, додека британската влада со договорот со „AstraZeneca“ практично оневозможи извоз на нејзината вакцина произведена на британска територија.

Во последните шест седмици од ЕУ се испратени 314 пратки со 41 милиони дози во 33 земји. Истовремено ЕУ блокирала само една пратка со 250.000 дози од вакцината „AstraZeneca“ кој била наменета за извоз во Австралија, бидејќи овој англо-шведски производител не ги исполнува своите обврски од договорот со ЕУ.

„Ние сме подготвени повторно да ја искористиме оваа мерка“, порача фон дер Лејен.

„Патот мора да биде отворен во двете насоки. Ние многу ја извезуваме вакцината во земјите кои и самите ја произведуваат. Ова е повик и тие да бидат отворени“, рече фон дер Лејен, најавувајќи дека за идејата за заострување на извозот ќе се дискутира и на самитот на ЕУ следната седмица.