Европската комисија објави во четвртокот дека го одобрил третиот договор со некоја фармацевтска компанија за набавка на потенцијалната вакцина против новиот коронавирус.
Договорот, според соопштението, е потшишан со фармацевтската компанија „Janssen Pharmaceutica NV“, која е дел од групацијата компании „ Janssen Pharmaceutical Companies of Johnson & Johnson“.
„Имајќи предвид дека коронавирусот и натаму загрижувачки се шири низ Европа, важно е вакцината да ја пронајдеме и тоа брзо. Мило ми е што со компанијата ‘Јohnson & Johnson’ успеавме да склучиме договор за купување на цакцини за 200 милиони луѓе. Ова е наш трет договор со некоја фарамцевтска компанија. Сакаме на граѓаните на ЕУ да им осигуриме сигурна и ефикасна факцина веднаш штом ќе биде пронајдена“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
Договорот на државите членки на Европската унија им овозможува веднаш откако ќе се покаже дека вакцината е сигурна и ефикасна против болеста Covid-19 да купат вакцини за 200 милиони луѓе, и им се дава можноста да купат дополнител ни вакцини за уште 200 милиони луѓе.
Ова е трет договор за набавка на потенцијалната вакцина кој го потпиша ЕК: Претходно се потпишани договорите со „AstraZeneca“ и „Sanofi-GSK“, а објавени се и успешни прелиминарни разговори со компаниите „CureVac“, „BioNTech-Pfizer“ „Moderna“.
„Обезбедувањето на безбедна и ефикасна вакцина е основа на Европската стратегија за вакцината. Денеска постигнавме трет договор за набавка на валцина и така го зголемивме портфелот на кандидатите за вакцина, а со тоа и шансата да пронајдеме делотворен лек против овој вирус. Ќе има уште договори, а ние ја продожуваме потрагата по успшна и сигурна вакцина за да ја сузбиеме оваа смртоносна пандемија“, изјави комесарката за здравство и сигурноста на храната, Стела Кирјкакидес.