ЕK има намера да ја тужи Унгарија поради контроверзниот закон кој ги загрозува правата на ЛГБТ

Европската комисија, најважната извршна институција на ЕУ, ќе ја тужи Унгарија поради нејзиниот закон, кој наводно ги загрозува правата на ЛГБТ заедницата, објави денеска веб-страницата „Политико“, повикувајќи се на унгарскиот весник „Непсава“.
Унгарскиот закон усвоен во јуни минатата година предизвика вознемиреност во ЛГБТ заедницата бидејќи забранува употреба на материјали кои се сметаат за промовирање на хомосексуалноста и промена на полот во училиштата и е оправдан како неопходна мерка за спречување на злоупотреба на деца, пренесува Ројтерс.

Во јуни 2021 година, унгарскиот парламент донесе закон со кој им забранува на лицата под 18 години да „прикажуваат или промовираат“ хомосексуалност или промена на полот во телевизиски емисии, филмови и програми за сексуално образование за деца во училиштата.

Унгарската владејачка коалиција, предводена од партијата Фидес на премиерот Виктор Орбан, рече дека ЛГБТ правата и другите слични социјални прашања се прашања за кои одлучуваат националните влади, а не Брисел.

Унгарската влада објасни и дека спорниот закон има за цел да ги заштити децата, а не е насочен против ЛГБТ заедницата, наведува британската агенција.