Еден од најбогатите милијардери на светот се враќа во училиште и ќе биде наставник. Откако го напушти директорското место во „Алибаба“ , Џек Ма, најбогатиот човек во Кина, отвора училиште во кое ќе ги учи децата на мудрост.
Својот образовен проект Џек Ма го најавува веќе некое време, а сега основа градинки, основни и средни училишта. На прашањето што планира по напуштањето на директорската позиција на своето деловно царство, Ма (55) одговара дека следните години ќе ги посетува училиштата и наставниците ширум светот за да учи од нивните искуства, бидејќи сака да се посвети на образованието на младите во време на информатичката технологија.
„До педесеттата заработувате пари, а после го трошите на другите, бидејќи самите не можете да ги потрошите“, вели денеска најбогатиот Кинез и еден од набогатите луѓе на светот, чие богатсво се проценува на 38 милијарди долари.
Коосновачот на интернет трговијата Алибаба, сака да ги вложува парите во подобрување на образовниот систем во Кина, а не во банките и во инвеститорите.
Фотелјата му ја предаде на првиот соработник робохоличарот Даниел Џанг, па сега тргнува во нова авантура. Неговата одлука е подеднакво несекојдневна во светот на глемиот бизнис, како и многу други работи поврзани со овој посебен милијардер.