Република Македонија ќе има 3,5 проценти раст на Бруто-домашниот производ (БДП) за оваа и следната година со што ќе биде меѓу „Топ 5“ земјите во Европа со најголем економски раст за периодот, се наведува во најновата пролетна економска прогноза што денеска ја издаде Европската комисија.
Како што пренесе МИА, единствено Ирска со 4,9 проценти раст на БДП, Романија (+4,2%), Малта (+4,1%) и Полска (+4,2%) се земјите што според прогнозата на неформалната Влада на Европската унија се очекува годинава да имаат поголем економски раст од Македонија. Грција, пак, ќе биде единствена европска држава што годинава ќе остане во рецесија со негативен раст од 0,3 проценти на БДП, а на ниво на ЕУ истиот изнесува 1,8 отсто. Сепак, Еврокомисијата во однос на македонската економија предупредува дека „инвестициските можности се, сепак, предмет на значаен ризик што произлегува од одложената примена на јавните инфраструктурни проекти и од продолжувањето на политичката несигурност“.
Исто така, се предвидува продолжување на намалувањето на невработеноста во Македонија која годинава се очекува да падне на 24,7 проценти, а догодина да изнесува 23,5 проценти, што е за повеќе од десет отстотно намалување на невработеноста во однос на состојбата од пред десет години кога таа во Македониај изнесувала 33,8 проценти.
Во однос на невработеноста, македонската држава ќе има идентичен просек со Грција (24,7%), а за 0,1 отсто и да го надмине јужниот сосед во 2016 година. Со овој просек, Грција останува единствена ЕУ-земја со најголем процент на невработени лица, а по неа следува Шпанија со 20 отсто, додека Чешка со 4,5 отсто невработени е земја со највисок просек на вработеност. На ниво на ЕУ, просекот на невработеност е околу девет проценти.
Во однос на јавниот долг, ЕК прогнозира дека ќе продолжи да расте во Македонија. Тој изнесувал 37,9 отсто на БДП минатата година, годинава се очекува да нарасне на 39,6 проценти, додека во 2017 година се очекува да дојде до 40,6 отсто на БДП, што е далеку од поставенито лимит од 60 проценти на БДП од страна на Европската унија. На ниво на земји-членки на Унијата, Естонија има најмал јавен долг од 9,6 отсто (годинава), додека негативни рекордери се Грција (182,8% на БДП), Италија (132,7%) и Португалија (126%), додека на ниво на цела Еворпска унија, јавниот долг се очекува годинава да изнесува 86,5 отсто на БДП.
Растот во Европа се одржува и покрај се потешката глобална околина. Има се повеќе знаци дека политиките за обезбедување на повеќе работни места и поддршка на инвестициите двааат разултати. Сепак, ние мораме уште многу да направиме за да ја допреме нееднаквоста, истакна еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московиси.
Со наслов: „Се зголемува ризикот од раст на домашната побарувачка“, ЕК наведува дека „економската експанзија во Македонија го забрза темпото во 2015 година, со поддршка од страна на домашната потрошувачка, извозот и значителниот јавен стимул“. Според ЕК, „фискалната дисциплина повторно разочара, иако македонската Влада успеа значително да го намали дефицитот“. Неформалната Влада на ЕУ посочува дека „изгледите остануваат оптимистички, со тоа што домашната побарувачка станува единствен двигател на растот во иднина, но негативните ризици се зголемија“.
Еврокомисијата наведува дека растот на БДП во Македонија се зголемувал на подобро балансирана основа. Според прогнозата, понесен од солидното зголемување на потрошувачката на домаќинствата, растот на трошоците на Владата и позитивниот придонес на нето-извозот, растот на производството во Македонија се зголемил на околу 3,7 проценти од БДП во 2015 година, откако го имаше истиот раст и во 2014 година. А, индустриското производство, севкупно производство, според ЕК, разочарало, градежниот сектор продолжил со својата робусна изведба, поддржан од страна на побарувачката од агендата за јавни работи на Владата. Сепак, комисијата наведува дека акумулираниот капитал останал рамен во Македонија. Европската комисија посочува дека „домашната побарувачка, како единствен двигател на растот, во иднина во Македонија може да биде предмет на ризик од значајно намалување“. ЕК очекува експанзијата да продолжи со побавно темпо и во потесна база.
Домашната побарувачка е веројатно да биде единствен извор на раст, со тоа што приватната потрошувачка обезбедува најголем придонес во двете години, како и придобивките од позитивните трендови на платите и вработеноста, бенигната цена на животната средина и понатамошното зголемување на социјалните трансфери и пензиите. Сепак, личната потрошувачка би можело да биде погодена од забавување на растот на кредитите на населението, како одговор на прудентните мерки на Централната банка за спречување на зголемување на потрошувачките кредити. Освен тоа, растот на реалните нето-плати, кои се зголемуваат 20 месеци по ред беа малку стеснати неодамна, додека номиналните плати се зголемуваа побавно, наведува Еврокомисијата за македонската економија.
Според официјален Брисел, динамиката на платите може да ослабне уште повеќе на сметка на проектираниот пораст на инфлацијата. Исто така, приватните инвестициски трошоци се очекува да да се водат од зајакнување на довербата на инвеститорите, како и „на намалувањето на политичката криза“. Инвестициските расходи на Владата, пак, ЕК наведува дека „е веројатно да се зголемат малку како удел во БДП-то во 2016 година“, но и тие да останат на тоа ниво во 2017 година.
Инвестициските можности се, сепак, предмет на значаен ризик што произлегува од одложената примена на јавните инфраструктурни проекти и од продолжувањето на политичката несигурност, предупредува Европската комисија.
Во продолжението на пролетната економска прогноза на неформалната Влада на ЕУ за Македонија, се предупредува дека „обновениот пораст на увозот е веројатно да го претвори нето-извозот во препрека за раст“. Имено, Комисијата наведува дека краткорочните надворешни слабости останале содржани во 2015 година и дека поради тешката надворешна средина, нето-извозот позитивно придонел за раст на македонскиот Бруто-домашен производ (БДП).
Трговскиот биланс на Македонија, според ЕК, се подобрувал на сметка на побавниот раст на увозот и поддржан од пониските цени на нафтата и силниот раст на извозот. Сепак, дефицитот на тековната сметка се зголемил, а примарното салдо се влошило, но, според Комисијата, на на ниво од 1,4 отсто од БДП и истиот останал умерен.
Надворешната рамнотежа се предвидува да се влошува со негативен придонес на нето-извозот во растот во наредните години. Посилен раст на извозот е веројатно да биде компензиран од порастот на увозот, како и голем дел од инпутите за производство од страна на странските компании, кои сочинуваат две третини од извозот на економијата, како и од јавните инфраструктурни работи што доаѓаат од странство. И покрај натамошното зголемување на суфицитот на услуги, дефицитот на тековната сметка ќе се прошири, а трговскиот биланс на стоки се влошува и приливите од трансфер се намалија, се додава во прогнозата на ЕК за Македонија.
Во продолжението на прогнозата, Брисел наведува дека „растот на вработеноста во Македонија продолжува, а инфлацијата е поставена да остане ниска“. Притоа, се образложува дека растот на вработеноста забрзал во 2015 година во Македонија со отворање нови работни места што претставува зголемување од 2,3 проценти на годишно ниво. Голем дел од овој раст, според Комисијата, се одвива во производствениот сектор на странските директни инвестиции, а како резултат на владините програми за субвенции за вработување.
Растот на вработеноста најверојатно ќе продолжи со солидни стапки, со просек од 2,1 отсто во текот на наредните години, но со мало подобрување на структурата на новите работни места. И покрај понатамошното намалување на работната сила, стапката на невработеност ќе продолжи да се намалува, децидна е ЕК во економската прогноза за Македонија.
Брисел прогнозира и дека потрошувачките цени повторно ќе се намалат кон крајот на годината во Македонија, но и во иднина, со привремен пораст во текот на летото. Годишната дефлација во 2015 година изнесувала 0,3 проценти, исто како и во 2014 година, а главно на сметка на намалувањето на енергетските интензивни услуги за транспорт, како и на цените на храната (41 отсто од индексот). Исто така, цената на животната средина се очекува да остане бенигна, додека умерен притисок може да се јави од очекуваното зголемување на цената на нафтата и другите увезени стоки, како и на цените на храната, без да се очекува понатамошно зајакнување на притисоци врз домашната побарувачка.
Во оваа многу позитивна економска прогноза на Европската комисија за Република Македонија, единствено се предупредува дека „фискалната консолидација останува предизвик“. Притоа се наведува дека извршувањето на буџетот „се лизнал“ повторно во 2015 година, со тоа што општиот владин дефицит се зголемил во текот на летото за 0,3 проценти. Ова се случило и покрај означените перформанси на приходите во текот на првата половина на годината, за сметка на порастот на наплатата на данокот на добивка, откако владата ги намалила исклучоците.Фискалниот исход за 2015 година изнесувал 3,5 проценти на проектираниот БДП, што ја надминало првичната цел за 0,2 отсто, но било пониско за 0,7 проценти во споредба со реализацијата во 2014 година.
Јавните финансии, најверојатно, ќе продолжат да го поддржуваат економскиот раст, со планираниот пораст на јавните инвестиции и правото за потрошувачка. Тоа ќе ги задржи целите на дефицитот за 2016 и 2017 година, предвидувајќи пад до 2,9 отсто, но не се наведени конкретни мерки за консолидација. Односот на државниот долг остана стабилен во 2015 година, управуван од отплата на заемот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и издавањето на еврообврзница. Одржлива стабилизација останува предизвик, како отстапување од фискалниот пат или разочарувачки раст на БДП-то, што може значително да ја попречи траекторијата на долгот, заклучува ЕК во економската прогноза за Македонија.