ЕК нуди поддршка за германската компанија која се обиде да ја преземе Трамп

Европската комисија понуди во понеделникот 80 милиони евра финансика поддршка за германката биофармацевтска компанија „CureVac“ за забрзување на развојот и производството на вакцината против новиот тип коронавирус Covid-19.

Станува збор за компанијата од којашто, според германските медиуми, американскиот претседател Доналд Трамп се обидел германските научнции кои работата на вакцината против коронавирусот со високи суми да го доведе во САД или да ги осигури ексклузивните права на вакцината.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен, и еврокомесарката за иновации и истражувањата Марија Габриел во понеделникот преку видео врска разговарале со управата на „CureVac“. Во разговорот учествувал и потпретседателот на Европската инвестициска банка (EIB), Амброа Феиол. Поддршката за оваа компанија би била во форма на гаранции на ЕУ за заем од EIB кој се разгледува во моментов во истиот износ.

„Во оваа јавноздравстена криза од најголема важност е да ги поддржиме нашите водечки истражувачи и технолошки компании. Решителни сме да ѝ обезбедиме на ‘CureVac’ финасирање коеште ѝ е потребно да ги забрза развојот и производството на вакцината. Горда сум што имаме водечки компании како ‘CureVac’ во Европската унија. Нивниот дом е тука, а од нивната вакцина полза ќе имаат сите, во Европа и надвор од неа“, рече Фон дер Лејен.

„CureVac“ е германска биофармацевтска компанија онована во 2000 година со седиште во градот Тибинген, во германската сојузна покраина Баден-Витемберг. Оваа компанија развила нова технологија со којашто наводно се совладува една од најголемите пречки за користењето на вакцината: потребата да се одржи стабилна без ладење.

Прелиминарните истражувања покажале дека оваа технолгија ветува брз одговор на Covid-19. Доколку тоа се покаже точно, милиони дози од вакцината потенцијално би можеле да се произведуваат со ниски трошоци во веќе постојните производственио погони на „CureVac“. Програмата за развој на вакцина за Covid-10, во комапнијата е веќе започната, и се проценува дека клиничкото тестирање ќе започне до јуни 2020 година, според наводите на Европската комисија.