ЕК одобри употреба на вакцината на Фајзер за деца на возраст од 12 до 15 години

Европската комисија денеска одобри употреба на вакцина на Фајзер/БиоНТек кај деца на возраст од 12 до 15 години, изјави комесарот за здравство на ЕУ, Стела Киријакидис.

– Земјите-членки на ЕУ сега можат да одлучат да ги прошират своите програми за вакцинирање, вклучително кај деца и тинејџери. Секоја доза е важна за да се стави крај на кризата – нагласи Киријакидис.

Минатата недела Европската агенција за лекови (ЕМА) даде зелено светло за употреба на Фајзер/БиоНТек кај деца на возраст од 12 до 15 години.

Оваа вакцина е веќе дозволена за употреба кај оваа возрасна група во САД и Канада.