Европската комисија денеска побара од земјите членки на ЕУ да ја прошират употребата на брзи анагени тестови, кои се помалку сигурни од стандардните ПЦР за коронавирус, но се поевтини и помагаат за пронаоѓање на контактите на заразените лица.
Во необврзувачка препорака ЕК ги повика 27-те земји членки на ЕУ да користат заеднички сет на тестови за ковид-19, што ќе ги олесни прекуграничните патувања за време на пандемијата.
– За да го забавиме ширењето на коронавирусот, мораме да го зголемиме тестирањето – истакна претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.
Комисијата соопшти дека ќе потроши 100 милиони евра за купување на брзи анагени тестови и нивна испорака во земјите членки на ЕУ. Покрај тоа, планира да даде и 35,5 милиони евра на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина за обука на персонал и подготовка на тимови за вршење тестирања.
Според најновите податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести, од почетокот на пандемијата во Европа се потврдени над 275.590 смртни случаи како последица на коронавирусот.