ЕК започна истрага против кинеска платформа за електронско тргување

Европската комисија отвори истрага во четвртокот во однос на кинеската платформа за е-трговија Temu поради сомневање дека производите што ги продава не ги исполнуваат стандардите на Европската унија според Законот за дигитални услуги (DSA).

„Сакаме да се погрижиме Temu да се усогласи со Законот за дигитални услуги, особено да се осигураме дека производите што се продаваат на нивната платформа ги исполнуваат стандардите на ЕУ и не им штетат на потрошувачите“, рече извршнaтa потпретседателка на Комисијата, Маргрете Вестагер.

Доколку истрагата докаже дека го прекршува Законот за дигитални услуги, компанијата сопствени се соочува со парична казна која може да достигне и до 6 отсто од нејзиниот годишен промет.

Temu бележи голем раст на европскиот пазар благодарение на исклучително евтините производи што ги продава.

Почетокот на официјалната истрага уследи по неколку предупредувања испратени од Комисијата до кинеската платформа.

Истрагата ќе се фокусира на системи за ограничување на продажбата на нелегални производи воспоставена на интернет, а потоа ќе ги истражи можните ризици поврзани со дизајнот на услугата што може да доведе до зависност, што може да има негативни последици врз физичката и менталната благосостојба на една личност.

Комисијата, исто така, ќе ја испита усогласеноста со обврските од DSA во однос на обезбедувањето пристап на истражувачите до јавно достапните податоци.

Во мај оваа година, Комисијата ја прогласи Temu за „многу голема онлајн платформа“ заснована на Законот за дигитални услуги на ЕУ, бидејќи има повеќе од 45 милиони месечни активни корисници во ЕУ. За многу големи интернет платформи важат построги правила.