Медицинска екипа, заедно со пациент се заглавена во лифт во зграда во населбата Кисела Вода во Скопје.
Од ЦУК информираат дека заглавените побарале помош од 112 и дека се известени сите надлежни за спасување.
-Во 11:22 часот на 112 во ЦУК добивме пријава за заглавена екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент, во лифт во подрумски дел од зграда на улица „Христо Татарчев“ бр.47 во Кисела Вода. Од страна на ЦУК итно се известени БППЗ Скопје и СВР Скопје, информираат од Центарот.