Екипите на ЈП Паркови и зеленило по попладневното невреме кое го зафати Скопје веднаш излегоа на терен заради расчистување на паднати гранки и дрвја и овозможување на нормално функционирање на градот.
-Досега се пријавени над 40 локации на кои е побарана наша интервенција, но од час во час стигнуваат и нови пријави. Се случува на една локација да има паднати повеќе дрвја и гранки така што бројот на потребни интервенции е многу поголем. Екипите моментално работат на неколку места, а веќе завршија со интервенции на повеќе локации . Заради поголема ефикасност организирани сме во 4 екипи, од кои секоја екипа работи во одредени делови од градот. Освен секторот Дрвореди во активностите на расчистување на градот се приклучија и работниците од секторите Вонградско зеленило и Градско зеленило, велат од ЈП.
„На некои места каде е опасно да се делува ноќе и има потреба да се исклучи струјата, ќе се интервенира во текот на утрешниот ден, додека пак онаму каде што постојат услови за работа ќе продолжиме со расчистувањето и во текот на вечерните и ноќните часови. Со активностите ќе продолжиме и во наредните денови се до целосно расчистување на последиците од невремето“ – велат од таму.