Првиот човек во Формула 1, Британецот Берни Еклстоун, се соочува со опасност да заврши зад решетки по судскиот процес кој се води против него во Германија. Тој е обвинет дека со помош на мито од 27 милиони фунти дадено на тогашниот директор на германската банка „Баерн ЛБ“ издејствувал акциите од Ф-1 што биле во сопственост на банката да бидат продадени на друга компанија, што е тесно поврзана со самиот Еклстоун.
„Баерн ЛБ“ тврди дека оствариле загуба од околу 240.000.000 фунти поради ваквиот развој на настаните, поради што се појавија шпекулации дека доколку Еклстоун се согласи да ја плати оваа сума, со тоа случајот би бил запрен и британскиот милијардер би избегнал затвор.
„Немам намера да плаќам, а судот нека одлучи онака како што смета дека е исправо, согласно доказите“, изјави Еклстоун за британскиот весник „Дејли Мејл“.