Еко-активисти ја испрскаа со боја Бранденбуршката порта

Припадници на еколошкото движење Letzte Generation (Последно поколение) ја испрскаа во неделата со портокалова боја Бранденбуршката порта, симболот на германската престолнаБерлин.

„Протестот укажува дека е дојдено време за политички пресврт и откажување од фосилните горива и за повеќе правда“, се вели во соопштението на движењето Letzte Generation)

Според полициското соопштение, во тек е акција при која се уапсени неколку лица на Парискиот плоштад, веднаш до Бранденбуршката порта.

Демонстрантите користеле пренаменети противпожарни апарати кои содржеле боја наместо средство за гаснење, за да ги бојадоста во портокалов Бранденбуршката порта и Парискиот плоштад, каде се наоѓаат француската и американската амбасада.

Припадниците на Letzte Generation најавија интензивирање на акциите во Берлин во втората половина на септември со зголемено блокирање на патиштата. Акциите ќе бидат прекинати кога германската влада ќе ги исполни барањата на демонстрантите, кои вклучуваат зајакнување на мерките за забавување на климатските промени. Letzte Generation бара Германија да се ослободи од фосилните извори на енергија до 2030 година, додека владата постави краен рок до 2045 година.

Новото раководство на Берлин, предводено од градоначалникот на демохристијаните, Каи Вегнер, најави построги мерки против членовите на движењето за време на најавените акции за блокирање на сообраќајот.

Според последните истражувања на јавното мислење на јавниот сервис SWR, 85 отсто од граѓаните целосно ги отфрлаат акциите Letzte Generation, а само четири отсто ги поддржуваат.

Во јуни годинава поради сомневањата на државното обвинителство во Минхен дека кај припадниците на Letzte Generation станува збор за прочетен стадиум од основање криминална групација, против истакнати членови на движењето беа извршени многуборјни рации.

Германските еколошки активисти со месеци изведуваат акции на блокирање на главните сообраќајници во Берлин, меѓу другото, залепувајќи се себеси со специјален лепак за коловозот и за сообраќајните знаци, со што сакаат да ја искажат, како што тврдат, потребата од забрзување на мерките за заштита на климата.

Климатските активисти од Letzte Generation, кои стојат и зад акциите за валкање на уметничките дела во музеите, ги отфрли обвинувањата и тврдат дека медицинското возило кое требало да помогне на местото на несреќата во која настрадала велосипедистка, која подоцна почина, не дошло навреме затоа што возачот во блокадата не формирале слободна ткн „спасувачка лента“, преку која во случај на застој во сообраќајот минуваат возилата на итните служби и на полицијат