Активистите од еколошкото движење Последно поколение (Letzte Generation) ја полеаја со црна смеса слична на нафта стаклената инсталација со вгравирани одредби од Уставот на Германија близу зградата на германскиот парламент Бундестагот, објави движењето на својот профил на Twitter.
„Согорување нафта или заштита на основните права? Во 2023 година само едно од двете е можно“, се вели во објавата на активистите. Според нив, германската влада не прави доволно во справувањето со глобалното затоплување.
Полицијата соопшти дека шестмина членови на движењето биле запрени на местото на инцидентот. Им биле земени личните податоци од документите за идентификација и можно е против нива да бидат покренати кривични случаи. Полицијата во моментов истражува каква супстанца користеле активистите во нивниот перформанс.
Инсталацијата со наслов „Основниот закон 49“ се состои од 19 стаклени плочи високи приближно три метра. На нив се изгравирани текстови од Уставот на Сојузна Република Германија. Инсталацијата е поставена наспроти реката Шпре пред парламентарното здание кое го носи името „Јакоб Кајзер“.
Во февруари, активисти исекоа дрво пред Сојузната канцеларија во знак на протест против уништувањето на шумите.
Германските еколошки активисти со месеци изведуваат акции на блокирање на главните сообраќајници во Берлин, меѓу другото, залепувајќи се себеси со специјален лепак за коловозот и за сообраќајните знаци, со што сакаат да ја искажат, како што тврдат, потребата од забрзување на мерките за заштита на климата.
Климатските активисти од „Последното поколение“, кои стојат и зад акциите за валкање на уметничките дела во музеите, ги отфрли обвинувањата и тврди дека медицинското возило кое требало да помогне на местото на несреќата не дошло навреме затоа што возачот во блокадата не формирале слободна ткн „спасувачка лента“, преку која во случај на застој во сообраќајот минуваат возилата на итните служби и на полицијата.