Премиере Заев, Дали знаете дека последните денови Тетово остана без вода? Причина за тоа е дека во локацијата Лешница во Шар Планина во новоизградената станица има големи одрони кои сериозно ја оштетилемрежата. Локацијата на малата хидроелектрична централа е на растојаније од околу 300 метри од самата каптажа, која е една од хидроцентралите кои ја уништуваат животната средина во Шар Планина, се вели во соопштението на Еко Герила.
„Директорот на Инспекторатот за животна средина, Ана Петровска, во месец ноември предупреди дека со изградбата на хидроцентралата во Лешница постои можност за загадување на водите и водоснабдувањето на градот Тетово. И токму денес ние се соочуваме со овие последици. Еколошките организации и ескпертите ве предупредија претхдоно за овие катастрофални последици. За жал, законот за прогласување на Шар Планина за национален парк е направен на таков начин што овозможува изградба на хидроцентрали во заштитени подрачја. Со ова, Владата грубо ги крши Бернската и Архуската Конвенција. Здружението Ековест и Македонското еколошко друштво ви се обрати со барање за раскинување на концесиите за малихидроелектрични централи во Шар Планина и барање за укинување на субвенциите за повластени производители на електрична енергија од мали хидроелектришни централи, образложувајќи ги сите причини и аргументи. Не знаеме дали сте го прочитале и дали сте одговориле на ова писмо. Како што сте веќе запознаени, малите хидроцентрали придонесуваат во националниот енергетски систем со околу 4,6% од вкупното производство на електрична енергија, и се годишно субвенционирани со над 13 милиони евра – средства кои директно се наплаќаат од сметките за електрична енергија на граѓаните. Штетите од овие мали хидроцентрали се познати и кај нас, но и во соседните држави. Дали сте свесни дека Владата со ова субвенционира ЕКОЦИД со уништување на природата и животната средина“, прашуваат од еколошкото здружение.
Здружението прашува дали премиерот е запознаен со тоа дека селата Теарце, Доброште се лишени од правото на вода за пиење од почетокот на изградба на малите хидроцентрали и дека тие се принудени да купуваат флаширана вода за пиење.
Што имате превземано за овој скандал?, прашуваат тие.
И за крај – дали знаете дека парламентот на Босна и Херцеговина во септември минатата година донесе закон за забрана на мали хидроцентрали? Дали знаете дека Владата на Црна Гора забрани изградба на мали хидроцентрали? И Албанија исто така. Што се случува со Република Северна Македонија која упорно оди во спротивен правец и грубо ги крши меѓународните конвенции и Уставот. Дали некој ќе преземе одговорност за овој ЕКОЦИД субвенциониран од страна на Владата? Граѓаните сакаат да знаат каква хипотека имате кај Хидро-мафијата? Алчноста за пари не може да биде над здравјето на луѓето и животната средина, додаваат од здружението.