Физичка заштита и видео надзор на оние места каде најчесто се лови рибата во Охридското Езеро бараат екологистите.
Тие велат дека рибокрадците не запираат, секојдневно ги пустошат ендемичните риби за кои долг период наназад се предупредува дека се на раб на исчезнување.
Дополнително постојаните осцилациите со намалувањето и зголемувањето на водата во Охридското Езеро негативно влијае на рибниот фонд.
Во услови кога Охридското Езеро нема концесионер и рибочуварска служба, граѓанскиот сектор апелира инспекциските служби со засилени контроли да се вклучат во заштитата на рибниот фонд особено сега кога охридскиот регион кој е под капа на Унеско може да се најде на листата загрозени подрачја.