Велат дека ваквата реакција е резултат на непочитувањето на цела листа на прописи и законски обврски, од страна на изведувачите кои на диво ги продолжиле градежните активности. Поставија извесни табли за информирање.
„Ние цврсто стоиме на ставот дека без презентирање на адекватна дозвола за градба издадена на законски начин, со почитување на сите моменти за заштита на животната средина ќе претставува грубо нарушување на законот и силување на Водно. Ние сме тука за Водно и со Водно“, се вели во соопштението на актвистите.
Од Mакедонски енергетски ресурси (МЕР) бараат да биде снакциониран вработениот во фирмата изведувач, за во иднина да не се случуваат вакви инциденти при реализација на проектот.
„МЕР останува отворен за дебата со граѓанските здруженија и со сите засегнати страни, со цел заеднички да најдеме соодветно решение кое ќе биде во интерес на сите, а кое нема да ја одложи реализацијата на проектот за гасификација на земјата – проект кој е еколошки и кој ќе има сериозен позитивен ефект за животната средина, соопштуваат од МЕР.
Гасификацијата има огромна еколошка, но и економска вредност за македонските граѓани, и овој проект мора да биде завршен до крај, велат од Владата. Трасата преку Водно е најдобра опција, а која и да е друга алтернатива може да направи само повеќе штета.
Еко активистите, пак, велат дека ќе продолжат со ваквиот начин на одбрана на белите дробови на главниот град, се додека не добијат можност своите аргументи за спорните три километри од трасата, да им ги предочат на градоначалникот на Скопје и Министерството за животна средина.