4.8 C
Skopje
среда, јануари 8, 2025

Еколошка катастрофа му се случува на Преспанско Езеро

Еколошката катастрофа на Преспанското Езеро предизвика жестоки реакции во македонската јавност. Во моментов езерото е повлечено најмaлку 30 метри.

-Од она што можев да го видам ова е повеќе од алармантна ситуација што се случувуа во моментов. Ова природно богатство со ова повлекување на водата прашање е кога ќе се доведе на минимум и ќе доведе до една еколошка катастрофа, загрозувајќи најмалку 300 видови флора и фауна кои што егзистираат тука, вели техничкиот заменик министер за земјоделие, Цветан Трипуновски, за Инфомакс.

Причината за нискиот водостој Трипуновски ја гледа во негрижата на Владата на СДСМ за водниот потенцијал во Република Македонија и потенцира дека ако не се преземе некаква активност да се спаси езерото веднаш голема е веројатноста да се случи голема еколошка катастрофа.

-Јас како дополнителен заменик министер ќе ги искористам сите мои законски обрски и овластувања ќе го информирам и министерството за надворешни работи, како што кажав езерото го делиме со две други држави, да видиме дали причината за губитокот на водата е можеби од другата страна и нормално министерството за животна средина кое исто така е повикано, истакна тој.