Економијата на еврозоната забележала благ раст во вториот годинешен квартал, по стагнацијата на почетокот од годината, покажуваат процените на Европскиот завод за статистика (Eurostat), сигнализирајќи дека зоната на примена на заедничката европска валута сепак избегнала рецесија во зимските месеци.
Сезонски прилагодениот бруто-домашен производ (БДП) на 20-члената еврозона пораснал во вториот квартал за 0,3 отсто во споредба со претходните три месеца кога, според ревидираните податоци, стагнираше, покажуваат проценките на Eurostat објавени во понеделникот.
Ревидираната процена за првите три месеца од оваа година покажува дека еврозоната, сепак, ја избегнала рецесијата. Претходните пресметки покажаа пад на активноста на почетокот на годинава и на крајот на минатата година за 0,1 отсто, а рецесија се дефинира како пад на активноста два квартали по ред.
Во Европската унија, пак, БДП-то стагнира во вториот квартал годинава во однос на првите три месеца, кога според ревидираните податоци порасна за 0,2 отсто. На годишно ниво, активноста во вториот квартал е зголемена за 0,6 отсто во еврозоната, а за 0,5 отсто во ЕУ, пишуваат статистичарите. Во првите три месеца е зголемен во двете области за 1,1 отсто, покажуваат ревидираните податоци.
Меѓу земјите чиишто податоци му се достапни на Eurostat, најголем раст на активноста на квартално ниво забележалс Ирска, од 3,3 отсто. Следува Литванија со раст од 2,8 отсто.
Најсилен пад на активноста, пак, е забележан во Шведска, од 1,5 отсто. Намален е и во Латвија, Австрија и Италија за 0,6, 0,4 и 0,3 отсто, соодветно.
Според податоците достапни на Eurostat, Ирска го предводи растот на активноста и на годишно ниво, за 2,8 отсто. Блиску се Португалија и Шпанија, со годишни стапки на раст од 2,3 и 1,8 отсто, соодветно.
Шведска, пак, забележала најсилен пад на активноста на годишно ниво, 2,4 отсто. Групата ги вклучува и Чешка, Летонија, Австрија и Германија, каде што се намалила за меѓу 0,6 и 0,1 отсто, покажуваат податоците на Eurostat.