„Економист“: Хрватската економија меѓу 10-те најлоши во светот

Хрватска се наоѓа на листата топ 10 земји кои што имаат најлоша економија во 2014-та година, покажува истражувањето на британскиот магазин „Економист“.

Информацијата, како што пренесуваат хрватските медиуми, се’ уште не се нашла во печатеното издание, но таквите податоци на својот „Твитер“ профил го обајвил Роберт Алан Ворд, главен уредник на „Интелиџенс јунит“, консултантско одделение на магазинот „Економист“.

„Фискалното штедење, високата невработеност, надворешниот долг, кредитот и слабата конкурентност ги чини раст. Закрепкувањето ќе следи од 2015-та година“, одговорил Ворд на својот профил на прашањето зошто Хрватска се нашла во друштво на Кипар, Украина, Порторико, Либија, Централноафриканска Република, Венецуела, Гвинеја, Аргентина и Барбадос.

Хрватскиот министер за финансии, Славко Линиќ се наоѓа во САД каде што учествува на пролетното собрание на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд. Според неговите изјавил, се чини дека на тоа собрание сите имаат пофалби за Хрватска и за нејзината економија.

„Економските експерти и аналитичари, овој пат странски, очигледно не се согласуваат со пофалбите на Линиќ“, пренесува хрватскиот портал „Индекс“.