Помалку од третина од Американците ја одобруваат економската политика на претседателот Џо Бајден, а огромното мнозинство признава дека се „вознемирени“ или „загрижени“ поради зголемената инфлација, покажува истражувањето објавено во Њујорк пост.
Дури 94 отсто од испитаниците во анкетата рекле дека се загрижени за скокот на цените бидејќи инфлацијата се искачи на 40-годишниот максимум во времето на Бајден, 46-тиот претседател на Соединетите држави, според истражувањето спроведено од ABC News и Вашингтон.
„Слаби“ 28 проценти ја „одобруваат“ работата на Бајден кога е во прашање економијата, што не им помага на демократите пред конгресните избори, кои ќе бидат на средината на претседателскиот мандат на Бајден, во ноември.
50 отсто од испитаниците веруваат дека републиканците можат подобро да управуваат со економијата, додека нешто повеќе од 30 отсто веруваат во демократите.
Анкетата покажа и дека 40-42 отсто од Американците ја одобруваат работата на претседателот Бајден, а 52 отсто не ја одобруваат. Слични резултати покажува и анкетата што неодамна ја објави CNN.
Оваа анкета спроведена од 28 април до 1 мај покажа дека повеќето Американци мислат дека политиката на Бајден ѝ наштетила на економијата, додека осум од 10 велат дека владата не прави доволно за борба против инфлацијата.
Анкетата на Си-Ен-Ен покажува дека само 23 отсто од Американците ги оценуваат економските услови како дури и малку добри, во споредба со 37 отсто во декември.
Околу 94 отсто од републикански настроени испитаници ги оценуваат економските услови како лоши, а дури 81 отсто од независните и 54 отсто од демократите мислат така.
Претседателот Бајден и неговата администрација изгледаат опасно блиску до неповратното губење на довербата на јавноста во неговата способност да напредува и да обезбеди финансиска сигурност, бидејќи тешките економски предизвици ескалираат во огромни политички обврски, заклучува Си-Ен-Ен, додавајќи дека вонредните избори во Конгресот, секогаш се предизвик за првиот претседателски мандат.