Економските министри ја преспаа и оваа година

Kога минатата Нова година ме прашаа што посакувам, посакав да се разбудат економските министри и да помислат малку на стопанството во Република Македонија, а не се разбудија оваа година, ја отспаа, посочува Горан Рафајловски, познатиот економист и консултант.

Според него, доколку премиерот имал задача во надворешната политика, на економските министри задача воопшто не им била надворешната политика, туку во прв ред состојбите во нивните ресори. Рафајловски појасни дека не може да каже дека нешто сјајно сработиле или дека нешто е сработено.

„А и гледајќи го новиот Буџет морам да ви кажам дека сум преплашен од проста причина што кога фирма е во криза, ако сакате да ја зачувате фирмата треба да направите сериозни инвестициски подигнувања на фирмата. И не е важно колку ќе се задолжите. Јас сум секогаш на таа страна не е задолжен се додека може да го врати долгот“, рече Рафајловски.