Економските политики кои ги спроведува македонската Владата, како и идните проекти коишто ќе бидат усогласени со целите кои што ги поставуваат Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во фокусот на разговите на средбите на министерот за финансии, Кирил Миновски со претставници на ММФ и Светската банка во рамки на Годишните средби..
Миновски за време на неговата работна посета на Вашингтон имал средби и со инвеститорите кои се постоечки купувачи на еврообврзницата што ја издава Република Македонија.
„Најголем дел од приоритетите што ги има Владата на Република Македонија во економијата се целосно усогласени со приоритетите на Светската банка. Размислуваме за проекти во кои главниот фокус ќе биде развојот на приватниот сектор, поврзувањето на домашните компании со компаниите во слободните економски зони, проекти во областа на изградба на патишта, јакнењето на енергетската ефикасност, како и за проекти со кои ќе се придонесе на дигитализацијата на проектите што го нуди Владата на Република Македонија“, изјави Миноски.