Клубот на пратенички на Собранието денеска ќе одржи јавна расправа, со времетраење од 10 до 11,30 часот, во салата „Борис Трајковски“, во зградата на Собранието на тема: Економско јакнење на жените.
На јавната расправа поканети се пратениците на Собранието, претставници на Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, потоа локалните комисии за еднакви можности, Un Women, Македонското женско лоби, Европската комисија, како и други здруженија на граѓани што работат на ова поле.