Кривична пријава заработи 29-годишен жител на Нов Дојран поради „проневера во службата“, пренесува МВР. Тој кривичното дело го сторил додека бил директор на Јавно претпријатие „Комуналец-Полин“ во Стар Дојран.
Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против Н.Л.(29) од Нов Дојран поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „проневера во службата“. Во периодот од февруари 2014 година до ноември 2017 година пријавениот како вршител на должноста директор на Јавно претпријатие за комунални дејности „Комуналец –Полин“, Стар Дојран, од благајната на јавното претпријатие, противправно, без основ за исплата, начин и рок на враќање, зел аванси во износ од 2.503.000 денари.