Клиниката за кардиологија доби нов оранизациски директор, а тоа е Абдусамед Шабани кој претходно работеше како поранешен директор на скопска „Комунална хигиена“ .
Шабани денеска на својот Фејсбук профил објави дека станал директор на Кардиологија, споделувајќи фотографија од новото работно место.
„Денеска ја преземав функцијата организациски директор во Клиниката за Кардиологија во Скопје. Им се заблагодарам на сите пријатели за поддршката особено за довербата на претседателот на ДУИ, господин Али Ахмети. Ќе бидам на услуга на сите граѓани без разлика на етничката, верската или партиската припадност“, напиша Шабани.
Шабани беше поставен за директор на ЈП „Комунална хигиена“ во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов. Беше разрешен во декември 2021 година откако Арсовска стана градоначалничка на Скопје и на негово место беше поставен Зуди Енус кадар на Алијанса за Албанците.