![kaliopi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/05/kaliopi.jpg?resize=696%2C448&ssl=1)
Македонска поп-рок ѕвезда Калиопи, ќе одржи ексклузивни концерти во Скопје, на 19 октомври, во Арена „Борис Трајковски“ како и во Хераклеа – Битола, на 20 јули.
Во моментов го подготвува својот нов албум, кој на јавноста ќе и биде претставен до крајот на овој месец.
На 20 јули и 19 октомври, Калиопи ќе го донесе својот куфер на љубовта во Хераклеа – Битола, како и во Арена „Борис Трајковски“, а вие треба да донесете само позитивна енергија и да уживате.
Картите за концертите се веќе пуштени во продажба и истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com , Розе Веро 2, како и ЈК травел во Бисер.