Телевизија Алфа попладнево открива дека цели 25 дена скопското село Батинци е под полициска опсада, односно полициски тимови ги контролираат сите влезови во селото.
Локални жители откриваат дека на почетокот на август почнале вонредните мерки на МВР во кои се ангажирани полицајци од редовниот состав, Алфи но и специјалци.
МВР за Алфа потврдува дека има преземено мерки но не открива што е причината за интервенцијата во селото лоцирано на 10 километри од Скопје.
Во отсуство на официјални информации во игра се 3 сценарија кои ги открива Алфа но и четврто за кое селаните не се подготвени јавно да проговорат.
Целата информацијата на Алфа ТВ која вечерва ќе известува од Батинци во живо на овој линк.