Се појави видео од периодот кога градоначалникот на Дебар од редовите на ДУИ, Хекуран Дука, му пишувал и му рецитирал песни на поранешниот комунистички југословенски лидер Јосип Броз Тито.
На социјалните мрежи споделено е видео, кое го обезбеди Infoshqip на кое се гледа како градоначалникот на Дебар, член на ДУИ, Хекуран Дука рецитира песна на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосиф Броз Тито.
Дука во тоа време, во 1978 година, беше дел од литературна група и во неговото детство на видеото се гледа како тој со ентузијазам му пишувал и му рецитирал песни на Јосип Броз Тито.
Неодамна на фејсбук профилот на сајтот Almakos.com. се појави снимка на којашто лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, кој беше припадник на марксистичко-ленинистичка иридента во некогашна Југославија, се одушевува од поранешниот албански комунистички диктаторт Енвер Хоџа, што се гледа и од снимката која е поставена
Во кусата објава која го проследува видеото, може да се забележи Ахмети, како со страст ја слуша и потпевнува песната посветена во Енвер Хоџа.
„Цели пет века мајка чекаше/ На Скендербег брат му израсна/ Енвер Хоџа е неговото име”, гласи рефренот кој го потпевнува Ахмети.