Ексозомска терапија-  иновација во естетската дерматологија

Ексозомската терапија е револуционерна метода во естетската дерматологија која користи ексозоми за да поттикне регенерација и подмладување на кожата. Ексозомите се мали везикули кои ги излачуваат клетките и кои содржат растежни фактори, протеини, РНК , полинуклеотиди, аминокиселини, витамини, коензими, хијалуронска киселина и други биомолекули. Тие играат клучна улога во клеточната комуникација и регенеративните процеси.

Што се ексозоми?

Ексозомите се наночестички кои ги излачуваат клетките, особено стем клетките, и се одговорни за меѓуклеточната комуникација. Тие содржат важни молекули како што се протеини, липиди, ДНК и РНК, кои можат да влијаат на клеточните функции и регенерација.

Како функционира ексозомската терапија?

1. Ексозомите се инјектираат или аплицираат топикално на кожата преку микронидлинг за да се постигне длабока пенетрација.

2. Регенеративни ефекти: Ексозомите пренесуваат биомолекули кои ги стимулираат клетките на кожата да произведуваат повеќе колаген, еластин и хијалуронска киселина, што резултира со подмладена, посветла и помазна кожа.

Придобивки од ексозомската терапија:

– Подобрување на текстурата на кожата:Кожата станува помазна и поцврста.

– Намалување на брчките и фините линии: Ексозомите помагаат во регенерацијата на кожата и намалувањето на знаците на стареење.

– Регенерација на оштетена кожа: Терапијата е ефикасна за третирање на лузни, вклучително и лузни од акни.

– Подобрување на хидратацијата: Кожата станува подобро хидрирана и посвежа.

– Безбедност: Ексозомите се природни производи од клетките и нема  веројатност за предизвикување на алергиски реакции.

Ексозомската терапија претставува значителен напредок во естетската дерматологија, нудејќи безбедна и ефективна опција за подмладување и регенерација на кожата.

Промотивна цена за третман со ексозоми на лице 6500 денари за сопственици на privilege карта.

Нашето мото е: ALL ABOUT YOUR SKIN…13 години заемна доверба….