Експертска група на УНЕСКО денеска доаѓа во контрола на Охрид, ќе извршат увид на дел од почнатите градби и планираните објекти покрај брегот на Охридското Езеро.
Експертите на УНЕСКО ќе врши увид на новите објекти на Плаошник, на хотелот во Лагадин, на проектот експресен пат до Свети Наум, како и на планираниот скијачкиот центар на Галичица.
УНЕСКО на 40. седница во Истанбул изрази сериозна загриженост за иднината на регионот на Охрид поради бројните инфраструктурни проекти кои се планирани, а дел од нив веќе и во реализација.
Пред неколку години последниот мониорнинг на УНЕСКО покажа дека проектите за Плаошник не ги нарушуваат еколошките и археолошките стандарди.