Експертите на Сорос ја бранат двојазичноста на Заев

Откако претседателот на СДСМ, Зоран Заев се најде под жесток оган од критики поради неговите планови кои ќе значат федерализација и двојазичност низ цела Македонија, експерите на Сорос застанаа зад него и неговите идеи.

Мирјана Најческа во колумна на нејзиниот блог „Квадратура на кругот“ во целост ги прифаќа идеите на Заев

„Имаме држава во која …граѓаните не можат на шалтерите во целата држава да поднесат барање и на својот јазик, ниту пак можат да ги прочитаат упатствата на производите на сопствениот јазик, ниту да ги добијат информациите поврзани со обврските кон државата на сопствениот јазик, ниту пак да очекуваат дека докторот или медицинската сестра во некоја болница надвор од местото на нивното живеење зборува и на нивниот јазик, напиша Најчевска на својот блог.

За Најческа плановите на двојазичности и федерализација се израз на зрелоста на СДСМ и Заев.

„Јас лично мислам дека ова што денес го промовира Заев како програма на СДСМ претставува показател на зрелоста на партијата,“ пишува Најческа.,

Понатаму, таа смета дека вработените во јавниот сектор, како и децата од најрана возраст треба да учат албански јазик.

„Да стимулира лекарите и наставниците и администраторите и сите во услужните дејности да зборуваат колку што е можно повеќе јазици на етничките заедници кои живеат во Македонија. И тоа да биде предност при вработување, нешто што носи поени….децата треба да се поттикнуваат да ги учат јазиците на етничките заедници кои живеат во Македонија. Од најмала возраст, пишува Најческа.

А кога станува збор за кантонизацијата, „експертот“ исто како и Заев смета дека локалната самоуправа треба да има поголеми ингеренции.

„И мислам дека локалната самоуправа треба да има многу поголеми ингеренции од овие кои ги има“, заклучува Најчевска.

Заев своите планови за воведување на федерализација и за проширување на рамките на Охридскиот договор ги презентираше пред албанската дијаспора во Швајцарија. Тој вети дека ќе се залага за еднаквост на албанскиот и македонскиот јазик на целата територија на Македонија.

Поради ваквите ставови Заев од Албанците во Македонија се гледа како на спасител, како што тврди претседателот на албанската дијаспора Муса Љамалари.

„Зоран Заев, со проектот „Вистината за Македонија” во многу области на албанското општество се гледа со восхит како спасител на Албанците од канџите на криминални групи и партии со латинични букви, мислам за партиите кои манипулирале во име на Албанците. Несомнено е дека Зоран Заев ќе ги преземе и албанските гласови, и покрај неговите стратегиски грешки со Албанците со кои соработува. Некои од нив биле со дуи и учествувале во неколку инциденти во џамиите. Сега како ќе гласаат, останува да се види по изборните резултати, вели за вечер

Љамалари е еден од јавните заговорници за федерализирана Македонија и досега имал, како што самиот кажува, неколку средби со Заев на кои му изразил поддршка.