Меѓународниот тим стручњаци под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) која во Кина работи на откривање на изворите на новиот коронавирус, добил важни информации во врска со пазарат за морска плодови на кој нелегално се продвале и диви животни во Вухан каде во декември 2019-та првпат во светот беше потврдено присуството на вирусот SARS-CoV-2, кој подоцна ја предизвика светската пандемија, пренесува агенцијата Bloomberg кој го цитира британскиот соолог Питер Дажак
Според Дажак, кој ја води невладината еколошка организација EcoHealth Alliance, експерите дошле до „важни докази“ за улогата на пазарот во 11-милионскиот главен град на централната кинеска провинција Хубеи во ширењето на заразата со коронавирусот. Британскиот зоолог истакнува дека информациите ќе бидат објавени до 10-ти февруари.
Притоа истакнал дека членовите на тимот на СЗО се сретнале со кинеските експерти, посетиле голем број истражувачки центри, како и други локации. Дажак додал дека споменатиот пазар во Вухан биле добиени „одредени вистински докази за тоа што се случило“. Британскиот стручњак истакнал дека членовите на истражувачката група во моментов ги споредуваат добиените податоци.
„Имаме намера да ги склопиме сите делови и да разбереме што тие покажуваат“, појаснил. Според Дажак, пазарот за кој станува збор, „сѐ уште е речиси недопрен“, бидејќи „луѓето го напуштиле набрзина“. Стручњаците посебно ги истражувале предметите и продуктите кои биле оставени на пазарот кога беше затворен од локалните властои.
Експертот изразил надеж дека „ова е почетокот на длабокото сфаќање за тоа што се случило“.
„Целата поента се состои токму во тоа: да се обидеме да разбереме зошто се појавуваат такви феномени, за да не се соочуваме постојано со глобални економски кризи и ужасна смртност додека очекуваме вакцини“, рекол Дажак.
Британскиот зоолог констатирал дека „треба да се разгледа целиот спектар на клучните области во истрагата“. Според него, кинеските стручњаци „се занимавале со тоа во текот на последните неколку месеци“. Како што забележал Дажак, работата на стручниот тим се водела заедно со кинеската страна.
„Секој ден се среќававе со нив и се запознававме со информации, нови податоци. Потоа рековме дека сакаме да одиме на најважните места. Тие побараа список. Ние им ги дадовме предлозите каде треба да одиме и со кого да се сретнеме. Ги посетивме сите локации од списокот, тие беа навистина отворени за тоа“, додал Десзак.
Претходно во петокот Доминик Дваер, микробиолог и стручњак за заразни болести, изјави дека истражувачката група во Вухан од кинеските власти го добила пристапот кој го барала. „Сите знаат дека пандемијата се разгоре од пазарот Хаунан во Вухан, но клучно е да се дознае што се случувало тогаш и пред тоа“, рече Дваер додавајќи дека е изненаден од комплексноста на задачата за откривање на потеклото на овој вирус и дека истражувањата ќе траат со години.
Експертската група на СЗО пристгна во Вујан за да го проучи потеклото на новиот коронавирус на 14-ти јануари, а додека го минуваа двонедениот карантин, се водеа консултации преку видеоврска со нивните кинески колеги.
Претходно во СЗО повеќепати изјавии дека потрегата по изворот на првата зараза со коронавирусот треба да започен токму од Вухан, иако кинеските власти велат дека вирусот можеби е таму донесен од странство. Во летото 2020 година, двајца експерти на СЗО ја посетија Кина за да ја подготват главната мисија, кога беше направен документот „за истражување и програма за активностите на меѓународната група предводена од СЗО“.
Потеклото на коронавирусот стана високо политизирано прашање по западните критики упатени на сметка за Кина поради наводна недоволна транспарентност во првите денови од епидемијата. Пекинг на овие напади одговора со тоа дека вирусот можеби настанал на друго место и е пренесен во Вухан.