Кој му помогна? Кој е одговорен и кој дозволи бегство на поранешниот премиер Никола Груевски? Дали неговото бегство е резултата на политички пазар на власта? Ова се прашањата кои се почесто се поставуваат, откако после неколку неуспешни акции од страна на МВР да го приведат Груевски за да ја одлежи казната затвор од две години, тој преку социјалната мрежа фејсбук извести дека се наоѓа во Будимпешта и таму бара политички азил.
Според универзитетскиот професор и поранешен началник на МВР Трпе Стојановски, одговорноста за неговото бегство треба да се бара во институциите бидејќи, институциите потфрлиле а не смееле да потфрлат. Тој додаде дека сите институции кои денеска давале оправдувачки содржини всушност го имале товарот на одговорност, бидејќи тие институции биле должни да го спроведуваат законот.
Државните институции кои се надлежни за безбедноста и воопшто за превенцијата кои што биле должни да ја спроведат. Ако добро ги следевме информациите кои што ни беа сервирани од медиумите е дека до вчера тој бил во Република Македонија. Така што оние кои што се надлежни за безбедноста, за контролата на движење преку државната граница се институциите кои што треба да дадат одговор како избегал, вели Стојановски во емисијата Топ тема.
Како што рече тој државата мора да најде механизми да го спроведе законот, нагласувајќи дека глупави се објаснувањата од страна на судот дека истиот не работи за викенд.
Стојановски смета дека Министерството за внатрешни работи не е само униформираниот дел од полицијата и криминалистичкиот. Тоа е институција која што се занимава со анализа на информации особено што повеќе сценарија, вклучително и ова беа спомнувани порано. Така што ова е еден случај каде што потфрлија институциите а не треба да потфрлат, потенцира тој.
На исти линија е и поранешниот претседател на Врховен суд, Дане Илиев кој смета дека самиот суд има направен пропуст и треба претседателот на Кривичниот суд да одговори за направениот пропуст. Според него после ова повеќе од очигледно е дека Македонија има систем кој не функционира.
Првата одговорност е кај обвинителството, втората кај судот и третата кај Министерството за внатрешни работи и Оливер Спасовски, нагласи Илиев.
Имено Никола Груевски беше осуден на двегодишна казна затвор во предметот Тенк на Специјалното јавно обвинителство за примање награда за противзаконито влијание, иако од страна на вештаците во самиот случај било утврдено дека Никола Груевски нема земено пари како награда.