Пред продавницата за кондиторски производи, која е сопственост на синџирот „Рошен“, чијшто сопственик е украинскиот претседател Петро Порошенко, експлодира бомба, соопшти полицијата, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.
„Експлозијата напавила дупка со широчина од 0, 6 метри во ѕидот на продавницата. Оштетени се полиците и дел од производите“, наведува полицијата во соопштението, додавајќи дека инцидентот се случил синоќа по полноќ по локално време.
Синџирот продавници „Рошен“ се прошири откако Порошенко во 2014-та година беше избран за претседател во 2014-та година.
Инаку ова не е прв пат да бидат нападнати неговите продавници. Неидентификувани напаѓачи на почетокот на годинава искршија прозорци во некои од продавниците на синџирот.
Пороршенко вети дека по изборите ќче продаде дел од компанијата, но годинава изјави дека тоа е тешко изводливо поради неповолните услови на пазарот.